Ротари клубoт Охрид заедно со  меѓународни партнер клубови донира околу 20 000 долари за опремување и модернизација на детското одделение при општата болница Охрид. На тој износ, фондовите  од Шведскиот и Италијанскиот дистрикт додаваат по 10 000 долари, а од фондот RI Foundation обезбедени се дополнителни 20 000 долари.

Со прибраните средства во износ од околу 60 000 долари ќе се купи најсовремена медицинска опрема со која ќе се задоволат моменталните потреби на детското одделение.

Проектот како „Global Grant” на Rotary International се реализира во соработка со група на клубови од Шведска,Италија и Србија наречена “ Multi club workshop” и секако Ротари фондацијата  на  Rotary International.

OhridNews