Веќе со години, охридските фамилии Алач и Волкан традиционално и на автентичен начин го прослауваат големиот верски празник Богојавление-Водици.

По осветувањето на водите во езерото, трпезата во куќата на Силвана и Љупчо Алач е богата со традиционални јадења, а портите на ова охридско семејество се отворени за сите добронамерници.

Повеќе од десет години на автентичен начин го прославуваме големиот христијански празник, Богојавление-Водици. Вратата е отворена за сите, а трпезата е богата со топла ракија, ѓомлезец, сиренце и туршија. Секој добронамерник е добредојден, а забавата трае додека има ракија.“ – вели Љупчо Алач.

Со слична традиција е и куќата на Гордана и Климе Волкан, каде покрај домашното вино и греената ракија, традиционално се служи пача и риба и рибина чорба.

Инаку, празникот Богојавление – Водици во Охрид беше одбележан во величествен амбиент. Петар Рупески од Варош беше најсреќниот меѓу 1000 верници кои во вчера скокнаа во осветените води на Охридското езеро за да го фатат чесниот крст.

O.T.