Гостин во шоуто на познатиот охридски водител Жанко З’ш Голабоски, „Не бери гајле“, што се емитува во живо во четврток во 22.30 часот на „Наша тв“, ќе биде исто така познатиот актер и стенд ап комичар од Охрид Никола Тодороски.
Повод за неговото гостување во популарното шоу на Жанко е големиот спектакл во Центарот за култура во Охрид на 17-ти ноември во 20 часот и настапот во Универзалната сала во Скопје два дена подоцна.
Никола пред охридската публика ќе се претстави со нов, ексклузивен материјал специјално подготвен за третата сезона на веб комедијата „Идиотека III“, која ја продуцира и емитува OhridNews. Билетите за спектаклот на годината во Охрид (14+) се во продажба во тобако „Фибос“ (трафичено сред чаршија), „Зи Зи топ“ и во Центарот за култура по цена од 150 денари.