Општинската организација на СДСМ, синоќа, одржа редовна годишна конференција. Отчет за сработеното во изминатата година дадоа претседателот и секретарот на огранокот, Науме Јованоски и Ѓоко Танасоски, кои работата на огранокот ја оценија како успешна.

-Задоволни сме од сработеното со оглед на тоа што СДСМ победи тука на последните избори, и сметаме дека огранокот работи успешно. Реорганизацијата на организацијата во изминатите две години во Охрид се одвива според предвидениот план, а  кооптирани се и нови членови, истакна секретарот Танасоски.

Следна цел се локалните избори, посочи Танасоски, напоменувајќи дека подготовките за претстојниот изборен циклус ќе започнат на пролет.

Сеуште е рано да зборуваме за кандидати и други детали поврзани со изборите. Во месец март ќе биде извршена сондажа на јавното мислење по што партијата ќе донесе соодветни одлуки, додаде Танасоски.

На конференцијата на ОО СДСМ – Охрид присуствуваше генералниот секретар на партијата Андреј Петров кој оствари средба со раководството, а се сретна и со советниците и вршителите на функции од редовите на СДСМ од регионот.

OhridNews