Охридските советници по трет пат ќе имаат можност да ги постават сите прашања кои се поврзани со работата на Општинската власт и Градоначалникот.
Според најавите седницата за советнички прашања ќе се одржи денеска, со почеток во 12 часот.
Инаку Советот на општина Охрид до сега има одржано вкупно 27 седници од кои две биле посветени на советнички прашања.
OhridNews