Без долги расправи, со усогласени ставови, брзо и ефикасно советниците ја завршија денешната 29- та седница на советот на општина Охрид.


При тоа, со мнозинство гласови беа усвоении предлог- одлуките за давање согласност за отстапување на движни основни средства и согласност за отстапување право на располагање на недвижности, од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски пазар“. Се даде согласност и за одлуката за отстапување на движни основни средства  од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Погребни услуги “, отстапување на правото на сопственост на недвижности од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски гробишта“ , согласност за отстапување на движни основни средства од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски гробишта“. 


Уште на самиот почеток на седницата од страна на актуелниот директор на ЈП ” Погребни услуги” беше повлечена од дневен ред предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за „ Солидарен пакет- погребни услуги“.

Од дневен ред беа повлечени и предлог одлуката за давање согласност за изменување на одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ и предлог одлуката за давање согласност за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со долгорочен кредит во Охридска банка АД Охрид.

Т. Кувенџиска