Советот на Општина Охрид денеска ќе оддржи две седници.
Најпрвин во 10 часот ќе биде одржана 48-та седница, со единствена точка на дневниот ред – советнички прашања.
Два часа подоцна ќе започне 49-та седница, на која ќе се расправа за повеќе точки од урбанистичката сфера. На дневен ред ќе се најдат предлог одлуката за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за дел од УЗ 2,дел од Блок 2.5 – опфат 1, (црква Св. Никола –Долна Влашка мала), предлог одлука за донесување Детален урбанистички план за Урбана заедница 13 урбан блок 13.2 опфат 1(улица Будва и улица Винковачка), КО Охрид 4, Охрид 2011- 2016 и предлог одлуката за донесување Детален урбанистички план во Урбана заедница 12 дел од урбан блок 12.4 на кп 1469 ( кп 1087/3-стар број) опфат 1 ( улица Париска комуна) КО Рамне Охрид 2011 – 2016.
Советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство за реконструкција, модернизација и одржување на јавното и улично осветлување во општина Охрид.
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Поетска ноќ во Велестово“ од Охрид и „Култура Бета“ од Скопје денес во Охрид ќе го реализира осмото издание на проектот „Добри гости“, ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ со Прличевата визита која се одржа вчера достојно му се оддолжи на патронот Настанот со поздравна реч го отвори директорката на Библиотеката Христина Трпеска која пот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.