Во понеделник охридските советници ќе расправаат за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво во врска со прашањето за бегалците. Иницијативата е поднесена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Доколку предлог одлуката се прифати од советот, охриѓани на референдум ќе можат да се изјаснат:дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил.
Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со носењето на стратегијата за бегалци на национално ниво е предвидена изградба на станови за нивно згрижување во Македонија, вклучувајќи го и Охрид.
Од СДСМ тврдат дека иницијтивата за свикување референдум е неоснована и дека станува збор за стратегија која е носена и претходно од страна на минатата власт и која всушност е задолжителна за државата под влијание на меѓународните конвенции. Според нив Македонија е само транзитна земја за бегалците и дека тие воопшто не се заинтересирани да останат тука.
Седницата ќе почне во 11 часот.
OhridNews












