Јоне Станкоски- ВМРО- НП

Сметам дека во 2010 советот работеше максимално одговорно и сработи многу, притоа се одржаа најголем број седници со многу точки на дневен ред. Се разбира секогаш може и подобро. Една од слабостите беше тоа што не се донесе нов деловник, туку сеуште се работи според стариот. Секоја одлука е во интерес на граѓаните, но според мене одлуките кои беа донесени за подобрување на инфраструктурата беа најважни за граѓаните и имаат предност затоа што се нужна потреба.

Верица Хајба- НСДП

Во изминатата година советот напорно работеше и одржа седници со обемни точки на дневен ред. Сметам дека оние од урбаната сфера беа најзначајни. Кога беа поплавите, во рамки на можностите локалната самоуправа исто така им помогна на граѓаните. Секако останаа многу незавршени работи, но оптимист сум дека идната година ќе се завршат. Кога зборуваме за она што се реализира треба да бидеме свесни дека еккономската криза не ја одмина и локалната самоуправа и тука ја гледам оправданоста што не беа реализирани одредени проекти.

Кујтим усеини ПЕИ

Работењето на советот во изминатата година го оценувам како успешно. Се реализираа работи кои претходно никогаш не се успеало да се завршат и кои беа запоставени.

Борис Стефаноски- ВМРО- ДПМНЕ

Не сум задоволен како течеа работите во советот. Пред се зборувам како претседател на комисијата за комунални дејности која ги разгледува најважните работи од кои граѓаните најмногу очекуваат. Програмите беа преоптимистички и затоа не се реализираа. Само 30-40% од предвидените обврски беа реализирани од сферата на комуналните дејности. Сметам дека и предвидените проекти за 2011 се преамбициозни.

Виолета Мицкоска- СДСМ

Изминатата 2010 година од аспект на работењето на советот ја оценувам како успешна година. Се разбира секогаш може и повеќе да се направи. Сппоред мене од одлуките кои ги донесе советот најзначајни беа оние кои се однесуваа на подобрување на инфраструктурата, а најмалку беше направено во однос на социјални грижи и здравството. Се надевам дека кога ќе влезе општината во втората фаза од децентрализација и кога ќе има поголеми ингеренции ќе направи повеќе.

Т. К.