Советничката група на ВМРО ДПМНЕ изрази задоволство што локалната самопуправа и СДСМ ја поддржале нивната иницијатива за овековечување на името на Атина Бојаџи преку именување на јавен објект во Охрид со нејзиното име, но не пропушти да испрати неколку забелешки кон политичкиот ривал.
– Во ваква иницијатива нема место за некакви суети или надмудрувања. Како што и наведовме во образложението и во предлогот локалната треба да донесе одлука за именување или на улица, мал плоштад па така и спортски објект кој ќе го носи нејзиното име. Ние веќе транспарентно ја кажавме нашата иницијатива и поддршка и очекуваме тоа да биде решено до 13-ти март , роденденот на Атина Бојаџи, велат до ВМРО ДПМНЕ .
Оттаму додаваат дека ваквите иницијативи треба да се поднесуваат јавно , транспарентно и достоинствено, а СДСМ тоа го направил подмолно како што и ја прекинал седница само за да не се соочи со прашања од интерес на граѓаните на Охрид.