Членовите на  Советот на Општина Охрид веќе пет месеци работат без пари, затоа што локалната самоуправа им го нема исплатено месечниот надоместок. Советниците се жалат дека уште од формирањето на советот се соочуваат со проблеми околу исплатата на овие средства и бараат од локалната што побрзо да го надмине овој проблем.

-Очигледно дека доцнењето на исплатата на паушалите е еден од показателите дека финансиската состојба во локалната самоуправа е на незавидно ниво. Незнам дали тоа се прави намерно или пак се работи за прераспределба на средствата на други програми, но сепак реализацијата на програмата на Совет за период од девет месеци е околу  30 % што укажува дека улогата на Советот е занемарена, изјави неодамна  Јованка Дамоска Секулоска советник од ВМРО-ДПМНЕ.

И советниците од другите политички партии потврдија дека надоместокот кој општината има обврска да им го исплати, многу ретко го добиваат на време, но нагалсуваат дека никогаш не им задоцнил повеќе од  три месеци.

Претседателот на советот Душко Јаковчески, инфомираше  дека од Локалната самоуправа им било ветено дека до Нова година ќе им бидат исплатени барем два паушали, а дека останатите ќе им се надоместат во правите месеци од 2012 година.

-Неодамна ни исплатија за еден месец, а во моментов на советниците им се должи за вкупно 5 месеци. Причината за доцнење на надоместокот е финанасиската состојба на Општина Охрид со неодобрувањето на кредитот, кој таа недоамна го бараше. Од наша страна ова е максимумот што и ние можеме да го дадеме, за да помогнеме општината да не се соочи со уште поголеми блокади од оние што ги има, вели Јаковчески.

Инаку месечниот надоместок на советниците изнесува 13.500 денари, што значи дека Општината на секој советник во моментов му должи по 67.500 денари.

OhridNews