Освен што учествуваа во дискусиите на седницата, охридските советници и градоначалникот Петрески денес имаа можност да ја покажат и својата хуманост.

На паузата од седницата, кој колку што можеше, донираше пари и купи вредносни бонови кои ги продаваа волонтерите на општинскиот Црвен крст, како дел од кампањата за борба против гладта .



Како што претходно беше најавено, собраните средства ќе се искористат  за подготвување прехрамбени, хуманитарни пакети кои ќе им бидат доделени на социјално загрозените семејства.

OhridNews