На каналот Студенчишта во Охрид, денеска се одржа натпревар во спортски риболов во дисцилинта “пливка“.

Ова е прв натрпевар во организација на новоформираното здружение на риболовци ЗРСК “Св.Стефан“ од Охрид. Овој натпревар беше од ревијален карактер и на него учествуваа членови на здружението и рекреативци заинтересирани за развој на спортскиот риболов. 

И покрај тоа не изостана натпреварувачкиот дух. Најумешен меѓу колегите спртски риболовци беше Јован Маховски кој го освои првото место, втор беше Славко Наумоски, а третото место му припадна на Душко Крстески.


Јован Маховски најдобар на ревијалниот натпревар


Второто место за Славко Наумоски


Душко Крстески го освои третото место

На најдобрите натпреварувачи им беа доделени вредни награди во риболовна орема, а покрај победниците, награда доби и Живко Матески како најмлад учесник на овој натпревар.

OhridNews