Градскиоот театар од Охрид на Меѓународниот театарски фестивал „Сараевска зима 2011“ ја изведе претставата “Среќни денови” работена според текст на големиот Бекет, во режија на Градимир Гојер.

Претставата во која играат актерите Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски, наиде на одличен прием кај сараевската публика, која инаку важи за извонредно едуцирана и сензибилна театарска публика.  Исто така, охридските актери учествуваа во “Разговорите за Бекет” кои се одржаа во сараевското Народно позориште.


Охридските „Среќни денови“ на “Сараевска зима 2011“

Охридскиот театар своето прво учество на овој реномиран меѓународен фестивал го имаше минатата година, кога гостуваше со претставата “Граница” (текст: В. Андоновски; режија: Софија Ристевска). Со овогодинешниот настап на „Сараевска зима“ Охридскиот театар полека но сигурно  воспоставува традицијата на учество на овој фестивал, што ќе придонесе за зајакнување на уметничката соработка и културните врски во регионот.

Гостувањето во Сараево на Билаловиќ и Стојаноски со внимание беше проследено од босанските медиуми, а реномираниот весник „Ослобоѓење“ објави интервју со актерите на Градскиот театар од Охрид.

OhridNews