– Основната цел на оваа посета е продлабочување на економската соработка. Добивме покана Македонија и Охрид да бидат партнери на Меѓународниот саем VIROEXPO 2011 што претставува голем предизвик за нас. На овој саем Охрид ќе добие бесплатен штанд, што претставува олеснителна околност при презентацијата на охридските стопанственици, рече градоначалникот Петрески.
Како што истакна амбасадорот на Република Хрватска во Македонија ,Иво Кујунџиќ, разговорите во Охрид се почеток на поврзување на бизнис секторот од двата региона ,соработка што треба да се развие во насока на заеднички настап на компаниите на трети пазари.
– На политички план имаме одлична соработка, сега сакаме таа да продолжи и се развие и на полето на економијата, а со тоа да им го отвориме патот на стопанствениците за меѓусебна соработка, рече хрватскиот амбасадор.
Од средбата задоволни и охридските туристички работници.
– Ја оценувам средбата како многу успешна, пред се сме задоволни што на саемот во јануари ќе имаме можност да се презентираме на бесплатните штандови. Преку ваквиот настап, во иднина, очекуваме и конкретна соработка со туристичките работници од Хрватска, но и пошироко , потенцира Тоше Чочорски, менаџер на хотел Силекс.
Хрватската делегација во текот на денот имаше можност да ги посети и културно- историските споменици во Охрид и да се запознае со туристичката понуда на градот.