Во дисциплината воздушна пушка-сениори прво место и нов Државен рекорд за старо-новиот државен рекордер во сениорска категорија-Михаил Шишкоски, со резултат од 595 кругови.
Неговиот клубски другар Горан Здравески се пласира на втората позиција со резултат од 583,8кругови. Во истата категорија Цветкоски Гоце се пласира на петтата позиција со резултат од 554,8 кругови, додека пак Милошески Константин се пласира на шестата позиција со резултат од 553,3 кругови.
Во дисциплината воздушна пушка јуниорки-Државен рекорд и прво место повторно за старо-новиот рекордер на Македонија- Нина Балабан со 407 кругови, додека пак Верица Гоџоска се пласира на втората позиција со личен рекорд од 383,4 кругови. Ангела Алексовска заврши на шестата позиција со резултат од 362,2 кругови.
По подолго време охридскиот клуб и терен беа домаќини на натпреварување од државно ниво иако ги исполнува сите стандарди. На присутните им се обратија претседателот на Општинскиот стрелачки сојуз, Васко Димоски и преставникот од Општина Охрид, Ангел Јанев.
– Чест и задоволство ми преставува што после подолг период Охрид е домаќин на еден ваков значаен настан. Ние во иднина ќе продолжиме да го афирмираме стрелаштвото во Охрид за да добие поголема масовност – посочи Димоски.
– Стрелаштвото е репрезентативен спорт за охриѓани со извондредни резултати. Општина ќе се залага во развојот и унапредување на стрелците бидејќи тие се најдобар репрезенте не само на градот туку и на државата воопшто – рече Јанев
На првенството во Охрид единствено кои забележаа резултати под очекуваното беа јуниорите Мартин Гоџоски, Кирил Миленковски, Васко Попоски и Антонио Попоски.