Охридските стрелци го потврдија квалитетот на се одрза IV-тиот по ред Куп за пионери-ки во гаѓање со воздушна пушка – сериска програма, на кое учество зедоа повеќе клубови од дрзавава.
Екипата на СК,,Охрид” во состав Гоџоски Мартин, Попоски Васко и Попоски Антонио го освои првото место со резултат од 480 кругови.
Исто така во поединецна конкуренција ги завзедоа првата и третата позиција, Мартин Гоџоски беше убедливо најдобар со резултат од 176 кругови, додека Попоски Васко со резултат од 165 кругови “стигна трет на целта“.
Добар настап имаа и пионерите од ЗСК ,,Лихнидос” кои завршија на третата позиција во екипна конкуренција. Во екипата најуспешен бесхе Маркоски Ѓоко со резултат од 146 кругови, пред Лалчески Бојан со 140 и Блажески Симон со резултат од 112 круга.
Кај пионерките најуспешна беше Маркоска Јана од СК,,Охрид”со резултат од 163 кругови, пласирајки се на второто место. Нејзините клубски другарки Мулоска Маја (148 кругови) и Маркоска Емилија (142 кругови) завршија на четвртот односно петтото место во поединецна конкуренција.
Раководствата на клубовите изразија задоволство од настапот на пионерите, од нивниот квалитет , имајќи во предвид дека националната програма е платформа од каде подоцна се црпат стрелците кои ќе ја претставуваат дрзавата на меѓународен план.
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
На стартот од вториот дел од сезоната во Супер лигата, ракометарите на Охрид во салата „Билјанини извори“ во натпревар од 19 коло забележаа висока победа над Прилеп 28:17, полувреме 14:11 Домашните...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.