Во организација на мсијата на ОБСЕ и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, охридските студенти средношколци ќе се информираат за работењето на општинските служби и нивната улога во одлучувањето на локално ниво.Охрид е еден од шесте градови во Република Македонија , во кои ќе се организираат работилници посветени на пристапот до информациите од јавен карактер и транспарентноста на локалните институции.
Работилницата во Охрид, ќе се одржи на 26 ноември, среда, во големата сала на општина Охрид со почеток во 11 часот и 30 минути. На работилницата ќе учествуваат учесници од средните училишта, Универзитетот за информатички технологии „ Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство. Ќе имаат можност да ги посетат дел од секторите на Локалната самоуправа , а ќе биде презентиран и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
OhridNews