В среда на програмата се реванш натпреварите од полуфиналето во Купот на Македонија. Националната арена „Филип Втори“ ќе гори, најтрофејниот клуб Вардар ја пречекува Шкендија, а за пласман во финалето на “комитите“ им е неопходна победа.

Добар и атрактивен фудбал е загарантиран бидејќи првиот натпревар заврши без голови и без победник 0-0. Страстите на теренот ќе ги смируваат охридските судии Мајран Ецкоски и Жарко Тодоровски кои се делегирани за овој натпревар.

На останатата полуфинална средба ќе се сретната Тетекс и Силекс. “Штофарите“ се многу бликсу до пласман во финалето откако во првиот натпревар одигра во Кратово забележаа триумф од 1-0.

Мх.П.