Дејан Пановски денеска го промовираше Охрид и Охридското Езеро во Обединетите нации во Женева преку презентација со неколку охридски сувенири и преку споделување на брошура за рибниот фонд во Охридско Езеро. Оваа промоција воедно е во функција на подигање на меѓународниот интерес за Охридското езеро, особено што аудиториумот е составен од преставници од сите страни на светот.

Инаку Пановски во ООН во Женева учествува на работен состанок на избраните водни прекугранични басени каде реферира за напредокот околу Дримскиот дијалог и проект. Воедно тој беше и избран за еден од панелистите на состанокот на кој главна тема е предизвикот од конфликтот помеѓу водата и енергијата што и тоа како е предизвик и за Дримскиот басен и за Охридското езеро како ресурс кој страда од брзи промени на нивото.

OhridNews