Незадоволни од одлуката на Советот за пребојадисување на возилата и високата цена на лиценците , автотакси превозниците денеска во перриодот од 11 до 13 ч. ќе одржат  протест низ улиците во центарот на градот.

Тие најавија дека секојдневно ќе протестираат се додека локалната самоуправа не се согласи на изнаоѓање заедничко решение за проблемот.


охридските таксисти денеска ќе протестират!

Таксистите не се согласуваат со одлуката на Советот за пребојадисување на возилата во бело-сина боја, за што рок имаат до крај на месецов, бидејќи тоа го сметаат за дополнителен трошок за нив. Тие бараат најпрвин да се реши проблемот со дивите таксисти и да се намали  цената на лиценцата која  сега изнесува 40.000 денари, а дури потоа да се разговара за пребојадисувањето.

Г.М.