Викендов Охрид беше домаќин на Отвореното првенство во тенис за Јуниори и Јуниорки до 12 години.
На тениските терени на СРЦ Билјани Извори во дводневната тениска програма, продефилираа 26 натпреварувачи од кои 14 Јуниорки и 12 Јуниори.

Охриѓанката Тања Стојановска победи во катеогријата Јуниорки отако во финалето ја совлада Стојка Илиева од Кочани. На третото и четвртото место се пласираа Александра Лозаноска од ТК Југ“ – Скопје, односно Љупка Илиева од Кочани.

Кај Јуниорите триумфираше Горазд Србљак од ТК “АБЦ“- Скопје совладувајќи го во финалето Андреевски Томислав од ТК “МТП“ Скопје.

Во борбата за трето место охриѓанецот Стојан Стојановски беше поупспешен од неговиот врсник Драган Думевски од Битола.












