Како што информираат од агенцијата, на брендиран штанд „Macedonia Timelles“ се промовирале културните и природните атрактивности на земјата пред потенцијалните туристи од Србија. На штандот се промовирала и општина Охрид и охридскиот бисер, кој бил вистинска атракција и еден од најбараните производи на саемот. Дел од промоцијата била и традиционалната македонска храна и вино.
На саемот учевствуваа повеќе хотелиери и туристички работници од Охрид кои оствариле бројни контакти со своите колеги од Србија.
Промоцијата на Македонските туристички потенцијали на саемот беше во организација со Амбасадата на Република Македонија во Србија.