Јапонски искуства да се користат  во унапредувањето на македонскиот туризам, беше заклучено на  денешната презентација  што се одржа во општинската зграда, во организација на Општина Охрид, Македонско Јапонската Алумни Асоцијација и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

– Целта на денешнава презентација беше да се пренесат знаењата и искуствата од  Јапонија околу развој на еко туризмот, и како тие да се искористат овде. Освен тоа се разгледува можноста како да се привлечат јапонските туристи,  затоа што и Јапонците сакаат да најдат начини странските дестинации да ги направат атрактивни за нивните туристи, бидејќи се соочуваат со еден проблем, младите Јапонци  го губат интересот за патување затоа што преку користење на интернет  им е достапно се. Значи мора да откриеме што е интересно  кај нас ,како би се привлекле јапонските туристи во Македонија. Тука се  поставува прашањето: Што нашиот  туристички  сектор би можел да направи по овие прашања, истакна    претседателката  на Македонско- Јапонската Алумни Асоцијација, Фросина Гечева- Кочова.

Јапонските искуства пред туристичките работници од Охрид ги презентираа: Катерина Петровска и Огнен Темелковски  од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.

OhridNews