Фотографија од црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се најде на насловната страница на списанието „National Geographic“. Фотографијата од Канео е објавена во рамки на изданието кое е насловено „100 места кои ќе ви го променат животот“.

Прекрасната фотографија ги промовира Македонија и Западен Балкан, како туристичка дестинација која мора да се доживее и посети.

Црквата „Свети Јован Богослов Канео“ е една од најпознатите цркви во Охрид и истата е лоцирана на карпестиот рид над населбата Канео во стариот дел на градот.

OhridNews