Во просториите на планинарскиот клуб „Skånes Klätter klubb” од Лунд (Шведска) во рамките на филмската вечер беше презентирана репортажата „Качувањето во Македонија“. Се работи за сторија на Vincent Helfre и Marie Stevens за локалитетот Зли Дол кој е дел од Националниот парк Галичица и локалитетот Матка во близина на Скопје .
На презентацијата охриѓанецот Петар Бавчанџиев зборуваше за можностите за качување во чист стил во Македонија, со посебен осврт на локалитетот Камена Баба во околината на Прилеп.
Беше упатена голема благодарност до Игор Талевски од алпинистичката асоцијација, членовите на аплинистичкиот клуб Патагонија од Охрид, клубот Златоврв од Прилеп како и до Нуркачкиот центар „Амфора“ кој на шведските рекреативци им овозможи да ги запознаат убавините на подводниот свет на Охридското Езеро .
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com