Анастазија Паскали од ОУ „Григор Прличев“ под менторство на наставникот по ликовно образование Ристе Пуцоски и Магдалена Крежоска од ОУ „Братство Единство“ под менторство на наставничката по информатика Марија Пупиноска Гогова, се меѓу наградените ученици на конкурсот “Кликни безбедно”.

Нивните имиња се најдоја меѓу петнаесетте наградени за испратени ликовни и литературни творби, од вкупно пријавените  500 од целата земја.

Конкурсот е во организација на Микрософт Партнери во учењето во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

OhridNews