Училиштето „Јахја Кемал” од Струга по деветти пат беше домаќин на натпреварот за стипендија по англиски јазик . Учествуваа 229 натпреварувачи од општина Струга, Охрид , Вевчани, Дебрца, Дебар, Ресен , Кичево, Демир Хисар и Пласница.
Меѓу најуспешните на натпреварот беа: Славица Нестороска од ОУ Григор Прличев, Кирил Тофилоски од ОУ Христо Узунов, Теодор Недевски од ОУ Григор Прличев, Марија Мартиноска од ОУ Јосип Броз Тито- Струга, Мигена Аголи од ОУ Братство и единство, Кирил Крстески од ОУ Браќа Миладиновци – Струга, Сара Алексиеска од ОУ Јосип Броз Струга, Ардип Нела од ОУ Братство и единство, Марко Филипче од ОУ Григор Прличев и Ивана Алулоска од Вевчани.
На првите 3 ученици им беа доделени награди + сертификати: прво место 5000 денари, второ место 3000 денари, трето место 2000 денари. Соодветно наградени беа и менторите на учениците.
Учениците од 1 до 25 место , добиваат право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал” без полагање на приемен испит.
Првите 10 ученици добиваат право да се запишат во училиштето (без полагање на приемен испит) како и стипендија за школување.
OhridNews