– Овој настан, кој се реализира на огромно задоволство на учениците, ја покажува општествената одговорност на компанијата кон заедницата, што треба да биде пример за останатите. Едукацијата и подигањето на свеста на децата за културните настани е вистински потег за формирање на здрави личности во државата . Црвен крст Охрид е благодарен на професорите соработници од Основните училишта кои ја помогнаа и реализираа оваа активност , потенцираат од општинскиот Црвен крст.