– Добиените резултати се фрапантни, сто проценти од учениците не ги знаат рибите кои живеат во Охридското Езеро а 99% од анкетираните ученици незнаат да ја разликуваат охридската пастрмка од другите видови риби, вели Радован Димитриески од СРК „Свети Апостол Петар.
Потикнати од оваа анкета СРК Св.Апостол Петар во основното училиште Христо Узунов на ученици од шестто оделение на споени часови од предметот „Истражување на родниот крај“ , со одобрение на директророт и предметниот наставник одржа предавање на тема „Рибите во Охридското Езеро“.
Димче Мајковски преставник на клубот Свети Апостол Петар на учениците им ги презентира рибите кои живеат во Охридкото Езеро и нивните основни карактеристика за да можат да ги разликуваат. На истото предавање Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро одржа предавање на тема „Заштита на животна средина и биодиверзитетот“.
Ова е прво пилот предавање на овие теми. СРК Св.Апостол Петар заедно со Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро ќе одржи предавања на оваа тема и во другите основни училишта во Охрид и Струга.