Учениците од основните и средните училишта и членови на Шаховскиот клуб “Ласкер” од Охрид учествуваа на Државното првенство за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија. Организатор на турнирот беше екипата “Гамбид“ од Скопје.
На натпреварот имаше вкупно 67 учесници од Републиката и тоа 50 ученици од основните и 17 ученици од средните училишта. Охриѓани учествуваа со девет натпреварувачи и тоа шест ученици од основно образование: Ангел Трајкоски, Симона Бошкоска ОУ “Св. Климент Охридски“, Марија Маркоска, Гзим Демироски, Константин Лушески ОУ “Братство Единство“, Јана Анѓелкоска ОУ “Григор Прличев“ и тројца ученици од средните училишта: Валентина Дубравац ОСУ “Ванчо Питошески“, Никола Пазаркоски, Валентин Ристески ОСУ “Св. Климент Охридски“
Најдобар пласман имаше Валентина Дубравац која освои Бронзена медала. Ова воедно претставува прво учество на наши ученици на ваков турнир и претставува големо искуство за нашите мудри глави. Патувањето беше организирано и финансиски го помогна Општина Охрид.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com