Во рамките на проектот „Учиме самоодбрана“ денес во спортската сала на Училиштето за средно образование „Св.Климент Охридски„, ќе биде реализиран вториот со учениците доброволци од седмите и осмите одделенија како и со доброволците средношколци.
    
„Учиме самоодбрана“ е заеднички проект на Секторот за внатрешни работи Охрид и невладината организација „Младински совет“ Охрид на кој инструктори од СВР Охрид, реализираат пригодна програма за самоодбрана, учење на основните елементи на самоодбрана но и стекнување вештини за одбивање на напад од насилник и негово совладување.
    
Проектот е во согласност со Локалниот акционен младински план одобрен од Советот на општина Охрид кој содржи низа мерки за подобрување на квалитетот на живот кај младите со посебен осврт на сегментот на безбедноста и стекнување одбрамбени вештини.
   
„Учиме самоодбрана“ е проект кој го протежира и спортскиот дух кај младите и е во согласност со новиот концепт на полициска активност „Commyniy polising-Работа со заедницата„ но и со трајната и стратегиска определба  за блискост на Полицијата со граѓаните.

OhridNews