
Мерката, која е преземена од страна на Владата, доаѓа по апелот на градоначалниците. Со неа, треба да се решат проблемите, со кои се соочуваа образовните институции во изминативе години. Меѓу нив, беа долговите на општините поврзани со образованието, поради кои, дел од училиштата во земјава, што не беше случај и во Охрид, остануваа незатоплени во екот на зимскиот период.
Според службениот весник на РМ, оваа мерка ќе го олесни државниот буџет за околу 1,5 милиони евра. Трошоците за пренос на нафтените деривати ќе падне на товар на општините во земјава.












