На чело на Еснафот и во наредните шест месеци останува искусниот охридски угостител и сопственик на реномираниот ресторан „Св. Софија“ Димитри Пендовски, кој оваа функција ја извршува веќе 4 години. Покрај решавање на приоритените проблеми, Пендовски најави поголема вклученост на угостителите во одбележувањето на верскиот празник Водици и во други манифестации кои ќе придонесат за развој на туризмот.
За потпретседател на Еснафот на угостители на вчерашниот состанок одржан во ресторанот „Св. Софија“ бил избран Благоја Петрески, а промени има и во Извршниот одбор во кој нови членови се претставници на угостителските објекти „Галерија“, „Објектив“, односно „Ликвид“ и „Аквариус“.
На средбата која охридските угостители ја оценија како позитивна и конструктивна, било договорено Еснафот извесен период да се состанува почесто на секои десетина дена со цел да се изнајде решение за крупните проблеми и да се разговара за предложените иницијативи.