Кон одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември, на инвентивен начин се приклучија и дел од охридските угостители. Кафе барот „Ликвид“ вечерва организира „Партизанска забава“, која според најавите ќе биде во духот на Денот на ослободувањето. Персоналот ќе биде облечен во партизански униформи, а за посетителите се предвидени интересни награди и изненадувања.