Дваесеттина угостителски работници од Охрид се стекнаа со стручни сертификати од областа на винската култура. Тие успешно ја минаа едукацијата што изминатите две седмици во Cuba Libre ја спроведе Петар Величковиќ – сертифициран сомелиер од Центарот за винска едукација. Wine Way.
Станува збор за најголемата винска едукација – „Македонски Вински Угостител“, направена кај нас, која на угостителите ќе им помогне квалитетните вина со кои изобилува Македонија, соодветно да ги нудат и послужуваат, создавајќи дополнителна вредност во туризмот со која Охрид ќе привлекува повеќе и поквалитетни гости.

Кога некој човек, или бизнис е успешен, најлесно е да се заклучи дека сето тоа се случило преку ноќ и дека е резултат на комбинација на среќни околности. Но среќата ги прати храбрите, и верувам дека успехот на Cuba Libre и неговите сегашни и идни сестрински локали, цврсто стои на темелите кои ги поставил и продолжува да ги поставува Венко и луѓето на кои избрал да им верува во креирање на 20-годишната Cuba Libre приказна. Иако специјализира во понудата на коктели, Cuba Libre ја разбира потребата за целосна угостителска понуда, а со тоа и неопходноста од винска едукација на својот персонал. – вели Величковиќ.

Ова се должи на разбирањето на фактот дека она што го прави бизнисот успешен, се неговите вработени. Инвестирајќи во нивниот професионален развој, Cuba Libre инвестира во подобро работење и развивање на сопствениот бизнис. Ваквиот став – треба и мора да биде пример за угостителите од целата држава. Врз вака поставени темели, знам дека Cuba Libre и нејзините сетрински локали ќе се наметнат како еден од центрите за ширење на винската и угостителската култура во Охрид и Македонија. – додава Величковиќ, кој е и основач на Wine Way – Центарот за винска едукација.

Нашето случајно познанство со исклучителниот Петар Величковиќ резултираше со еден сосема нов пристап во работата кога е во прашање винската култура, што е од исклучителна важност за иднината на целиот локалниот угостителски сектор. – истакнаа од Cuba Libre.

Охридските угостители покажаа винска класа
Г.М.
Фото: Мх.П.






























