– Охридските угостители едвај врзуваат крај со крај, па затоа не може од нив да се очекува дека парично ќе помогнат при организирањето на дочекот на новата година на градскиот плоштад, вели градоначалникот Петрески и додава: Пред две години испративме понуда до угостителскиот еснаф во градот да учествуваат во организирањето, со цел прославата да биде побогата. На жиро-  сметката на која угостителите требаше да ги уплатат парите пристигнаа вкупно 27. 000 денари.

Инаку вчера, од општинската ВМРО- ДПМНЕ пристигна предлог – во соработка со хотелите, рестораните  и сите учесници во туристичката и угостителска понуда да се организира итен состанок на  кој ќе се издејствува модул за организиран дочек на Новата година, со цел да се продолжи традицијата на организиран дочек и зголемување на бројот на пристигнати туристи во Охрид.

OhridNews