Гостинот е секогаш во право е девизата на охридските угостители кои понудата полека ја насочуваат кон холандските туристи кои во голем број почнаа да се враќаат на ривиерата. Инвентивните кафанџии на рекламните паноа наместо традиционалното почнаа да нудат холандско кафе, во комбинација со љубезност и гостољубивост.


Годинава на охридската ривиера се очекува зголемен број на странски туристи. Покрај тие од западноевропските земји, традиционално се очекуваат туристи од соседните држави кои во изминатите две децении се најбројни во Охрид.

OhridNews