Денеска и утре охридските угостители ќе одржат неколку состаноци на кои треба да донесат одлука дали на 22,  овој месец ќе ги затворат своите објекти, во времетраење од 24 часа, како  знак на протест против новиот Закон за забрана на пушењето на јавни места. Доколку одлучат да ги зтворат угостителските објекти тие ќе ја подржат иницијативата на Туристичко- угостителската комора, која вчера ги повика сите угостители  јавно да протестираат против спорниот закон, кој стапи на сила од први јануари годинава.

Како што стои во соопштението од комората, таа целосно го подржува законот, но се надева дека законот ќе се прилагоди на нивните услови, бидејќи сегашната имплементација на законот довела до драстичен пад на посетеноста на угостителските објекти, пад на приходите и намалување на бројот на вработени. Тие апелираат до сите угостителски објекти кои сакаат да се ублажи овој закон за заштита од пушење да ја подржат нивната иницијатива и наредниот петок да ги затворат своите објекти со време траење од 24 часа. Исто така тие  се надеваат дека нивната иницијатива ќе наиде, на позитивна реакција и кај граѓаните.

Ohridnews