Како што и беше најавено, викендов, започнаа засилените контроли на општинските инспектори и СВР Охрид за контрола на бучавоста во угостителските објекти.
Како што информираат од локалната самоуправа, извршени биле контроли во 10 угостителски објекти од кои два ноќни клубови, две плажи и шест кафе барови.
– Мерењата се извршија во периодот од 23 до 03 часот наутро. Притоа е утврдено дека најголем дел од угостителските објекти го почитувале законот, а само кај два објекти се евидентирани минимални пречекорувања од 1 -2 децибели над дозволеното ниво на бучавост, по што се очекува сопствениците да ги сносат пропишаните законски санкции, велат од локалната самоуправа.
Оттаму потенцираат, дека викендов биле извршени и контроли околу поставената урбана опрема.
OhridNews