
-Сега почнува сезона, странците се веќе тука, и наместо среден и уреден град гледаат раскопани улици и градежни активности во центарот на градот и тоа преку целиот ден, реагираат дуќанџиите.
Од Локалната самоуправа велат дека изведувачите на прекопите добиваат дозвола од општината со обврска кога ќе завршат со работа просторот да го вратат во првобитна состаојба.
-Тоа за жал најчесто не се почитува. Поднесуваме пријави но постапките во судот траат долго, улиците се нагрдени и сето тоа боде очи кај туристите, велат од Локалната самоуправа.
Општината смета дека е потребно да се изнајде посоодветно решение за изведување на прекопи и ситни градежни зафати, особено во сезона, кое нема да пречи, како на граѓаните, така и на гостите.











