Викендов во организација на Велосипедската Федерација на Македонија и техничка организација на велосипедскиот клуб Екстрим Бајк од Битола, на падините на планината Баба во Националниот Парк Пелистер се одржа Државното првенство во планински велосипедизам на Р.Македонија.
Пелистер покрај своите природни убавини и моликата, на Балканот уште е познат и по екстремната патека за планински спуст во велосипедизмот – категорија (downhill), која за оваа пригода за прв пат беше модифицирана за категоријата ХС. Динамична со екстремни спустови и препреки, напорна со екстремни нагорнини од преку 15%, zабавна со надградби и мостови преку потоците и вировите, задоволство по кој копнее секој почитувач на планинскиот велосипедизам. Патека со која треба да се гордееме дека ја имаме во Македонија, велат учесниците на трката.
Од вкупно 12 велосипедисти кои се појавија на стартната рамнина во дресот на Екодром – Дивела, во 5 категории, дури 7 од нив се закитија со медал: 3 златни, 2 сребрени и една бронзена. Успешен настап имаше и велосипедистот на З`ш Точак Левент Рифат кој триумфираше во категоријата Јуниори.
Државни прваци според категории:
Сениори: Злато / Бленди Троци – Екодром – Охрид
Сребро/ Зоран Шишковски – Е.Б.Т.С – Скопје
Бронза/ Дејан Тодоров – Енерџи – Скопје
Јуниори: Злато / Левент Рифат – З‘ш Точак – Охрид
Сребро/ Андреј Хаџи Василев – Екодорм – Охрид
Бронза/ Кристијан Николовски – Екодром – Охрид
Кадети: Злато / Јован Јованоски – Екодром – Охрид
Сребро/ Новица Велјноски – Екодром – Охрид
Бронза/ Кристијан Николов – МВК – Велес
Жени: Злато / Теодора Алексиоска – Екодром – Охрид
Сребро/ Анита Антовска – Енерџи – Скопје
Хоби: Злато / Ардијан Демироски – Екстрим Бајк – Битола
Сребро/ Владимир Бошкоски – Екстрим Бајк – Битола
Бронза/ Филип Петрески – Екодром – Охрид
– Покрај очекуваните успеси на Јован Јованоски и Теодора Алексиоска, голем напредок по напорните тренинзи и подготовки покажа Бленди Троци во најелитната категорија освојувајќи го златото од Сениорите, Новица Велјаноски со среброто кај кадетите и секако дебитантот Филип Петрески со бронзата во „хоби“ категоријата. Со сите овие успеси Екодорм се искачува високо на ранг листата – велат од ВК “Екодром“
ОhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com