Охридскиот веслачки клуб „Горица Ремо“ се подготвува за нов предизвик, учество на младинска регата во Зрењанин, Србија. Младите веслачи Ана Ничевска и Андреј Крстески, предводени од нивниот тренер Александра Маленкоска, и со огромна поддршка од клубот, ќе ги одмерат силите со најдобрите веслачки тимови од Србија и Бугарија.
Оваа регата претставува одлична можност за охридските спортисти да стекнат ново искуство и да ја покажат својата посветеност и напорна работа. Учеството на вакви меѓународни натпревари е од суштинско значење за нивниот развој и напредок. Тие ќе се натпреваруваат во скиф за пионерки, односно кадети, вели тренерот Александра Маленкоска.
Истакна дека очекуваат одлични резултати, но примарна цел е стекнувањето на искуство и размена на знаење со другите клубови.
Нашите веслачи се подготвени, дадоа сè од себе на тренинзите и веруваме дека ќе го покажат својот максимум на вода. Ова е уште еден чекор кон остварувањето на нашите долгорочни цели, посочува Маленкоска.
Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ е гордост на Охрид и Македонија. Нивната посветеност на спортот и успесите што ги постигнуваат се вистински пример за младите
OhridNews