Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците  од НОАВМ и граѓаните поддржувачи од општините Охрид и Дебрца, денеска со симболичен марш од Студенчишкиот канал до градскиот плоштад,  ветераните  го одбележаа 21-ви септември,  Меѓународниот ден на мирот.


На манифестацијата, што се одржа со поддршка на Локалната самоуправа, покрај ветераните учествуваа и повеќе граѓани и претставници на невладините организации.


-Сметаме дека ова е прекрасна, симболична и драгоцена можност, од овој марш на мирот, од Охрид и Македонија ,од името на народот на Македонија, кој низ својата вековна историја ги искуси последиците на многу војни, да ги упатиме нашите пораки и посветеност за свет без војни и за свет на вечен мир, пораки за благосостојба на сите луѓе во светот- рече во обраќањето Гоце Георгиески претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ  од општините Охрид и Дебрца.

OhridNews