Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид во претстојната кампања ќе се потпре на искуството на партиските ветерани кои синоќа имаа средба со локалниот изборен штаб. Оттаму очекуваат поддршка и од други стари членови на партијата, со цел победа на претстојните избори.
Од ВМРО ДПМНЕ засега не соопштуваат имиња на можните кандидати за пратеници во 5-та изборна единица, најавувајќи дека тие ќе бидат избрани согласно партиската процедура.
OhridNews