Со одблокирана сметка и без долгови, Регионалната занаетчиска комора од Охрид влегува во новата 2014 година. Долгот од 400 000 денари е целосно подмирен кон Управата за јавни приходи по однос на неподмирени обврски за плати и придонеси.

Како што информира претседателот на РЗК-Охрид, Сашо Богоески, во изминатата година реализирани се низа активности, проекти, соработки и потпишани се меморандуми кои имаат за цел да ги подобрат условите за работа не само на комората, туку воопшто на сите занаетчии од охридскиот регион кои се дел од истата.

Благодарение на ЈП „Охридски комуналец“ и нивниот Управен одбор, одобрено е нашето барање за намалување на цената за ѓубретарина, а од октомври месец 2013 занаетчиите плаќаат 64 отсто помалку за оваа обврска. Покрај бројните активности, на моја иницијатива потпишавме Меморандум за соработка со средните училишта, кој беше спроведен низ цела Македонија. Со него, од новата учебна година учениците ќе можат да изведуваат практична настава кај занаетчиите. На последната средба со директорите од охридските средни училишта, мој предлог во таа насока, беше дополнително да се отворат уште две занаетчиски паралалеки и тоа берберско фризерска и тектстилна. Исто така, занаетчиите од општина Дебрца за 2 години ги ослободивме од плаќање коморска чланарина, како дел од владиниот проект за развој на руралните средини.“ – вели Сашо Богоески, претседател на Регионалната занаетчиска комора Охрид.

Меѓу најголеми очекувања во 2014 година, за охридските занаетчии е одобрување на анти-кризната мерка за субвенционирање на занаетчиството, односно двегодишно ослободување од персонален данок.

Бaрањето е поднесено уште во јуни до министерот за економија, но одговор не добивме. Пред нова година, истото го поднесовме и до министерот за финансии и вицепремиер Ставрески. Се надеваме дека Владата ќе има слух и за занаетчиите, со оглед на тоа што 60 отсто од луѓето кои се занимаваат со оваа дејност работат со блокирани жиро сметки по основ на неплатени придонеси за плати и персонален данок. Мислам дека оваа анти-кризна мерка најдобро би им дошла на таквите занаетчии да дојдат до нула и да го подмират долгот кој го имаат кон државата. Се работи за сума од 30-35 илјади денари за двете години, што мислам дека не е некој голем товар за државниот Буџет. Упорно ќе го туркаме овој проект до крај, а се надеваме дека Владата ќе изеле во пресрет на нашето барање и занаетчиите ќе имаат некој бенефит од субвенциите кои ги дава државата.“ – потенцира Богоески.

За тековната година, планирано е издавање брошура во кoja ќе бидат опфатени старите традиционални и  модерните занаети во Охрид и охридско, изработка на веб-страна на Регионалната занаетчиска комора Охрид, издавање благодарници на занаетчиите  и поптишување Меморандум за соработка со градоначалниците на општините Охрид и Дебарца.

Во планот и програмата за 2014 година поднесен е предлог Меморандум за соработка со градоначалниците на општините Охрид и Дебарца, кој се надеваме дека ќе биде прифатен. Исто така планираме на 3-ти јуни да доделиме благодарници, на сите оние знаетчии кои во изминативе децении ја работеле оваа дејност во Охрид и Дебрца.“ –  додава Богоески.

Каде моментално се наоаѓа занатчиството

Како што објаснува првиот човек на охридските занаетчии, ставот на министерството за економија е дека дел од традиционалните и стари занаети се во изумирање, а оние кои функционираат се на работ на егзистенција.

Во министерството за економија се водиме како ниско-профитабилна дејноста и пред се, затоа ја предложивме таа антикризна мерка, за малку да им се помогне на занаетчиите. Ситуацијата во Охрид не е сјајна, но комората помога онолку колку што може.“ – вели Богоески.

Став на охридските занаетчии

Дел од охридските занаетчии сметаат дека во изминатата 2013 година, општината презела неколку мерки со цел подобрување на условите за работа на луѓето кои се занимаваат со оваа дејност.

Пред се, тука би споменал намалување на некои трошоци, кои не се големи издатоци, но се битни како ставка. Почнувајќи од намалување на фирмарина и ослободување на дефицитарните знаетчии од обврска за плаќање фирмарина, намалување на комуналните услуги и на некој начин почнување разговор со знаетчиите и консултирање за некои проблеми. Имаше издавање тезги за таа немена за некои мои колеги, а тоа ме радува.“  – вели Лупчо Паневски, сопственик на работилница во која рачно се изработува хартијата.

Тој се надева дека во идниот период, ќе биде посветено поголемо внимание на дефицитарните занаетии како неговиот, кој претставува еден од ретките не само на балканските простори, туку и ширум Европа.

Лично очекувам поголема сорабтока со локалната самоуправа, затоа што веќе направивме некои разговори со градоначалникот. Бев повикан на негово барање, а се надевам дека на нашата работилница ќе и се даде поголемо внимание, во смисол на поголема презентација и посетеност од делегациите и гостите кои ја посетуваат општината. Очекувам доста и сум задоволен од она што е отпочнато.“ – додава Паневски.

Субвенции за пејачите-уметници, но не за занаeтчиите

Од друга страна, многумина очекуваат поголема грижа на државата кон дефицитарните занаети, кои на еден начин со своите автентични производи ја презентираат традицијата, културата и историјата на земјата вон границите на Македонија.

Една од мерките на државата е субвенционирање на пејачите-уметници. Која е логиката, кога еден таков пејач може да собере од вечер од 3000 до 10 000 луѓе, а државата да субвенционира це-де за тие уметници. Не може на пример, некои занаети кои се битни за земјава и по кои се препознатливи Охрид, Скопје, Крушево и другите градови, да не добие ниту трошка од она што можело да се одвои за истите. Ако мислат дека им сме потребни, нека помогнат бидејќи дефицитарните занаети не се посебно заштитени со закон и ќе ги губиме.“  – вели Паневски

Во Србија, државата субвенционира 50 отсто од трошокот за закупнина на занаетчиските дуќани

Предлагав мерка, која нема ништо да ја чини државата. Прогласување на дефицитарните занаетчии како уметници. Би спаднале во онаа категорија на самостојни уметници, на кои државата им ги плаќа придонесите за персонален данок. Во Србија, државата плаќа 50 отсто на занаетчиите кои немаат свој дуќан, од закупнината на трошокот. Тоа е веќе нешто што ќе биде осетливо и ќе даде стимулт на овие луѓе. Ако се земе предвид фактот дека дефицитарните занаети се малку, и ако тоа се претвори во износ во денари, тоа ќе биде само капка во морето.“ – потенцира Паневски.

О.Трајчески