– Фирмарината е 500 денари годишно и иако не станува збор за голем износ,сепак тоа ни значи. Исто така, побаравме со измените на законот за вршење на занаетчиска дејност да се изврши олеснување и во однос на плаќањето на персоналниот данок. За занаетчиите со 15 години работен стаж негово намалување за 50%, а додека пак занаетчиите со 30 години стаж целосно да бидат ослободени од ваквата обврска, објаснува претседателот на Регионалната занаетчиска комора- Охрид, Сашо Богоески.
Во просек еден занаетчија, годишно, за плаќање персонален данок, од заработката треба да издвои 15.000 денари. Доколку се усвојат барањата на Регионалната комора на занаетчии- Охрид и се извршат измени на законот за вршење занаетчиска дејност, тоа би значело дека занаетчиите со 15 годишен работен стаж би плаќале околу 7500 денари годишно , а оние со 30 години искуство би биле ослободени.
Во тек е и постапката за регулирањето на плаќањето на радиодифузната такса, што согласно законот, занаетчиите треба да се ослободени од ваквата обврска.
– Кога ги добивме првите сметки побаравме мислење од Управата за јавни приходи Охрид и ни беше пренесено автентичното толкување на законот според кој занаетчиите се солободени од плаќање на радиодифузна такса.Првата жалба ја поднесовме во месец мај. Во август ни беше одговорено дека комората не може да се жали во име на сите занаетчии, туку оној кој сака да се жали треба да и даде полномошно на комората. Во рок од три дена поднесовме поединечни жалби за шест занаетчии. Рокот за изјаснување на надлежните по жалбите е до 21 ноември. Одговор сеуште нема, но ние сме подготвени доколку барањето ни се одбие, да се жалиме и до Управниот суд, потенцира Богоески.
Регионалната занаетчиска комора- Охрид брои 180 регистрирани членови- занаетчии.