Охридските земјоделци кои сакаат да научат нешто повеќе за начинот на регистрација и паушално оданочување на земјоделците, ќе може да бидат дел од еднодневната обука која ќе се одржи во среда на 12-ти ноември 2014 година, во Даночното одделение во Охрид.

На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи на Република Македонија ќе бидат презентирани детали за начинот на регистрација и оданочувањето на оваа категорија на обврзници. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.

Вакви обука УЈП ќе организира и во други населени места во Република Македонија.

OhridNews