Охридските земјоделци кои сакаат да ги подобрат целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и да достигнат повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството, ќе може да аплицираат на Јавниот повик од Програмата за рурален развој за 2015 година со која се обезбедува финансиска помош на Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.
Од Подрачната единица на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид информираат дека Јавниот повик од оваа програма опфаќа неколку неколку мерки за поддршка.
-Сите индивидуални земјоделски производили кои имаат насадено нов овошен и лозов насад во период од 1-ви јануари 2015 до 30-ти септември 2015 може да дојдат и да поднесат барање по оваа мерка каде што 50% односно до 65% од трошокот го покрива државата. Критериум за добивање на овие средства е земјоделецот да има засадено површина од 5000 метри квадратни односно половина хектар со лозов или овошен насад или насад под медоносна флора односно Фацелија, еводија или багрем, информира Билјана Ѓорческа, советник за организација во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Охрид.
Таа објаснува дека пополнување на барањето оваа година е електронско со што се поедноставува процесот за прибирање на документација.
-Програмата за рурален развој опфаќа и други подмерки и тоа Набавка на добиток – јуници, приплодни овци, приплодни грла кози и педигрирани свињи, како и Набавка на пчелни матици, вели Ѓорческа.
Краен рок за пријавување за мерките од оваа програма е 30-ти септември 2015 година.
OhridNews