-Целта на ИПАРД програмата е да се подобри конкурентноста на земјоделското производство, прехранбениот сектор и квалитетот на животот во руралните средини преку нивно усогласување со ЕУ стандардите. Приоритет е постигнување одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини.-се вели во Јавниот оглас за аплицирање.
Акредитацијата од оваа програма важи за три мерки – инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба, преработка и маркетинг на земјоделски производи и диверзификација и развој на руралните економски активности.
На ниво на цела Македонија од оваа програма се планирани вкупно 24,3 милиони евра или 1,5 милијарди денари. Средствата ќе бидат поделени помеѓу земјоделците од сите региони, врз основа на квалитетот на изготвените земјоделски проекти. Две третини од овие средства , односно 75 отсто се обезбедени од Фондовите на ЕУ, а останатите 25 проценти се од буџетот на Република Македонија.